СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги малтретира скопјани, ЈСП пред колапс тие не набавуваат автобуси

Се случува тотален хаос со јавниот превоз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе ЈСП во катастрофална состојба, велат од СДСМ.

„Автобусите доцнат а често и воопшто ги нема, по топлото време граѓаните со часови губат време и не можат навреме да стигнат никаде.
Во преполни автобуси луѓе колабираат, интервенира брзата помош, а возењето со распаднатите кинески автобуси е ризично и небезбедно. Секој ден има немили настани.
ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси, само заради теснопартиски интереси.
Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ буквално ги малтретираат скопјани.
Во Советот на Град Скопје токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на градот, сами ги блокираат проектите кои заедно со Арсовска ги ветуваа, како набавка на нови автобуси.
После катастрофата којашто му се случи на Скопје со Коце Трајановски, Скопје 2014 и набавката на кинеските автобуси кои се распаѓаат, сега ВМРО-ДПМНЕ приредува нова катастрофа.
Со блокади ВМРО-ДПМНЕ сака да го уништи ЈСП на кое му фалат 50 автобуси  само за да функционира.
Цената за ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја плаќаат граѓаните на Скопје“, стои во соопштението на СДСМ.
17.07.2024 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега