СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ реализираше уште еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ си функционира. Тоа го гледаме секој ден, велат од СДСМ.
„Во Собранието денеска токму со гласовите на ДУИ власта обезбеди двотретинско мнозинство и беа усвоени измените на Законот за локална самоуправа.
Додека во јавност Мицкоски демек ги напаѓа во Собрание си ги реализираат диловите.
ВМРО-ДПМНЕ реализираше уште еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ.
Пред околу 1 месеци ДПМНЕ и ДУИ исто така со заеднички гласови формираа тело за следење на правична застапеност на заедниците.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали.
Значи наутро Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата и дека се криминалци а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички дилови со ДУИ.
Договарања под маса, манипулации и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат“, стои во соопштението на СДСМ.
24.09.2024 - 16:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа