Се договориле и си заминале: Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Ј.(32) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите во претходно случена сообраќајна несреќа на бул.„Александар Македонски“ во Скопје.
Имено, сообраќајната несреќа се случила помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од повредениот и патничко возило „шкода јети“ со скопски регистарски ознаки, по што двајцата возачи меѓусебно се договориле и си заминале, а потоа повредениот е пренесен во болница.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа