Се обиде да украде автомобил, но вечно ќе се кае: Претепан заврши во болница, па ќе оди во затвор (ВИДЕО)

 

Ѕвездата на УФЦ, Дерик Луис, запре човек кој се обиде да го украде неговиот автомобил. „Црниот ѕвер“, како што е неговиот прекар, го „улови“ на дело разбојникот и ги презеде работите во свои раце.

Тој го запре со своите вештини, а потоа го задржа сè додека не пристигна полицијата.

-Кучки син, се обиде да го ограби мојот автомобил. Тој избра погрешен автомобил, изјави Луис објавувајќи фотографија од модринка на раката.

Несреќниот криминалец бил веднаш однесен во полиција со завои околу главата, но фактот што беше претепан ќе му биде многу потешок отколку што ќе оди во затвор за обид за разбојништво.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Derrick Lewis (@thebeastufc)

Дерик Луис е на врвот на листата по бројот на нокаути во историјата на УФЦ (12) и во моментов е првиот предизвикувач за шампионот во тешка категорија.

Пред него е веројатно пресметката со Франсис Нгану за титулата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2021 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега