Се одмота клопчето во Виена: Мајката го фрлила новороденчето во канта

 

Телото на бебето кое било пронајдено во канта за ѓубре во просториите на болницата во Виена било завиткано во пластична кеса и ѓубре, јавуваат австриските медиуми.

За убиство е осомничена мајката на детето (29), која на полицијата ѝ ја покажала кантата во која се наоѓало телото на новороденчето.

Телото на детето било пронајдено околу 10 часот утринава.

Според првите информации, мајката ја завиткала својата ќерка која имала само десет дена во најлонска кеса и ќебе, а потоа ја фрлила во канта во болницата. Се сомнева дека бебето најверојатно премрзнало до смрт, поради екстремно ниските температури во главниот град на Австрија.

Наредена е обдукција која треба да ја открие точната причина за смртта.

Полицијата на местото каде што е пронајдено телото се уште врши увид.

Да потсетиме, прво медицинската сестра од неонатолошкиот оддел вчера забележала дека детето го нема, а потоа веднаш ја известила мајката. Набрзо била алармирана и полицијата. Во текот на попладневните часови целата област околу болницата била блокирана, а во потрагата биле вклучени и кучиња трагачи.

Со оглед на тоа што пристапот до овој оддел не е слободен, полицијата веднаш ја насочила истрагата кон најблиските роднини и семејството. Мајката на девојчето била првоосомничена, а синоќа таткото бил сослушан во полициска станица.

22.11.2024 - 19:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега