Се огласи Елена Ристеска: Жена се обиде да ме нападне во ноќен клуб – ме спаси пријател

 

Поп-пејачката Елена Ристеска потврди дека била нападната пред познат скопски ноќен клуб.

Таа во изјава за СДК.МК вели дека била излезена со пријатели во клубот. Женска личност сосема неочекувано се обидела да ја удри со тврд предмет по главата. Ристеска негира дека била повредена. Вели, имала среќа што пред неа стоел нејзин пријател, кој практично прв забележал дека девојката сака да ја нападне.

Ристеска се огласи и преку социјалната мрежа Фејсбук.

-Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас, бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера,  градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови, вели пејачката.

24.10.2023 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега