Се огласи љубовничката на Ејми Вајнхаус: „Сигурна сум дека поради ова пиеше толку многу алкохол и се дрогираше“
Поминаа десет години од смртта на Ејми Вјанхаус, а сега се огласи нејзината љубовничка која вели дека Ејми била збунета поради својата сексуалност.
Пејачката била многу заљубена во Катриона Гоурлеј. А, Катриона вели: „Нашиот однос беше единствен, недефиниран. Едноставно многу се сакавме. Тоа што меѓу нас се случуваше, нејзе ја збунуваше.
Често ми пишуваше писменца додека спиев, од типот: „Ти си најубавата девојка која некогаш сум ја видела!“, или „Како можеш да изгледаш толку убаво додека спиеш?“.
Катриона изјавила дека Ејми некогаш рекла: „Не сум лезбејка додека не испијам три пијалаци“.
Друга пријателка на Ејми, Наоми, нивната врска ја опишала како „деца кои трчаат низ Лондон и прават работи за кои нивните родители не сакаат да дознаат“.
Пријателите постојано се шегувале околу тоа што Ејми и Катриона „се во врска“.
„Тоа беше смешна работа... Катриона и Ејми спиеја заедно, а на сите ни беше смешно тоа“, изјавила Наоми.
Пријателите, но и Катриона велат дека воочиле дека Ејми има проблем со алкохолот, но дека никако не успеале да ѝ помогнат. Во едно видео прикажано е како Ејми вели:
„Што може да ме насмее? Ништо. Кога сум пијана сè ми е смешно. Кога сум тажна, едноставно велам „е*и се““.
Во 2005 година Ејми била во институција за одвикнување од дрога:
„Мислевме дека најлошото е зад нас, но имаше нешто на што не обрнавме внимание“, раскажала нејзината мајка Џенис.
„Таа беше склона кон зависност. Не можеше да го запре тоа. Беше многу сурова ѕверка“, додала мајка ѝ.
Таткото на Ејми признал дека неговата ќерка се борела со менталните проблеми и дека цело семејство се обидувало да ја оттргне од алкохолот и дрогата, но некако не успеале во тоа.
„Беше ужасно да гледате како вашето дете пред вашите очи умира и исчезнува. Можев само да гледам и чекам“, низ солзи раскажала мајката на Ејми, Џенис.
Да ве потсетиме, на 23 јули 2011 година Ејми била пронајдена мртва во нејзиниот стан во северен Лондон, а покрај неа имало три празни шишиња вотка. Пејачката имаше само 27 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа