Се огласи СЗО и откри кој ќе ги процени несаканите ефекти на вакцината против Ковид 19

 

 

Проценката на сите несакани ефекти на вакцините против ковид 19 ги ​​имаат националните власти, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО) како одговор на прашањето за препораката на Велика Британија луѓето склони кон алергии да не ја примаат вакцината „Фајзер“.

„Луѓето не треба да се грижат премногу.Имајте на ум дека постојат многу кандидати за вакцина кои ристигнуваат во исто време“, рекла потпаролката на СЗО, Маргарет Херис.

Таа додаде дека една вакцина можеби не одговара на одредени лица, но дека друга ќе може да се најде. Панел од независни експерти препорача Управата за храна и лекови на САД да одобри итна употреба на вакцината „Фајзер“.

СЗО ги проучува податоците од третата фаза на тестирање на неколку кандидати за вакцини против ковид 19, рече Харис. Организацијата сè уште нема издадено препорака за итно одобрување на каква било вакцина, а главната работа што се разгледува е безбедноста, додаде таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега