Се огласија од МВР: Двајцата крадци кај Градски стадион паднаа во рацете на полицијата
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје, информираат од МВР за Прес 24 во врска со инцидентот кој се случи пред околу половина час во продавница на Нептун кај градскиот стадион.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава, дополнуваат од МВР.
29.11.2024 - 21:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа