Се отвори Пандорината кутија: Момче од Србија е уапсено, испратил заканувачка порака до девојче од неговиот клас

 

Во Књажевац кај Зајечар, на истокот на Србија, полицијата во петокот уапсила петнаесетгодишно момче поради основано сомнение дека сторило кривично дело загрозување на безбедноста, пишува онлајн порталот Зајечар.

Се сомневаат, како што пишуваат, дека на 3 мај испратил заканувачка порака до петнаесетгодишна соученичка, која таа ја пријавила во полиција.

Осомничениот кому му е поднесена кривична пријава е приведен кај судијата за малолетници на Вишиот суд во Зајечар.

06.05.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега