Се ожени „хрватскиот Илон Маск“ : Мате Римац со 30 јагниња и прасиња прослави баш на балкански начин!
Дури 30 јагниња и прасиња се печеа минатата сабота на свадбата на познатиот хрватски и светски претприемач Мате Римац. И покрај тоа што е познат по своите иновативни електрични автомобили, „хрватскиот Илон Маск“ ја прекрши својата вегетаријанска дисциплина и ги налути здруженијата за спас на животните, а подоцна се правдаше дека делот каде што буквално се врти вол од 800 килограми на ражен се случил наредниот ден, јавува Мондо.
„Не е вистина. Свадбата беше во саботата и без месо. Прославата во неделата нема никаква врска со мене и не е свадба. Се расправав за тој бик со разни луѓе, но не можам да им кажам на другите што да прават“, напиша Римац во групата „Веганска заедница“.
Видете го инстаграм-постот на Јутарни лист, во кој се гледа како Римац носи старки стоејќи до неговата жена.
Но, која е среќната девојка која ќе му биде жена на идниот сопственик на „Бугати“? Тоа е Катарина, девојката со која Мате е заедно повеќе од шест години, а се познаваат веќе 15 години. Мате и Катарина не зборувале многу во јавноста за нивниот приватен живот, а првпат биле видени заедно во 2015 година.
Бајага, „Забрањено пушење“ и старките на Мате
Парот го рекол судбоносното „да“ во Вила Далмација во Сплит, а венчавката започнала уште попладнето во четвртокот со не повеќе од 30 гости. Мате Римац наместо свадбарски чевли ги облекол своите старки, а тука биле бендовите „Забрањено пушење“ и Бајага за да ги развеселат гостите.
Исклучително приватниот настан до чии фотографии сепак дојдоа медиумите, ја крена на нозе цела Хрватска и пошироко. Па дури и да прослави на „балкански“ начин, зарем можеме да го осудиме младиот Римац? Од веганската група „Пријатели на животните“ изгледа веќе му простиле, за да не ја расипат убавата атмосфера.
„Почитуван Мате и драга Катарина, игнорирајте ги злонамерните коментари. Ја имате нашата поддршка. Сите ви посакуваме многу среќа, здравје, љубов, радости и незаборавни моменти во вашиот заеднички живот“, напишале подоцна од групата „Пријатели на животните“.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа