Се појавија нови докази – Лејди Ди знаела дека ќе биде ликвидирана: „Нешто лошо ќе се случи“
Новиот документарец кој што се емитува на британскиот „Канал 4“, откива детали од животот на покојната принцеза Дајана, а меѓу другото тие вклучуваат дека таа на својот сопруг му предложила дека би требало да отстапи од „трката за престолот“ во корист на нивниот син, принцот Вилијам.
Освен тоа се спомнуваат и податоци од нивниот брак, дека тој бил катастрофален на почетокот.
Од интервјуто кое принцезата го дала поминале точно 25 години, а за него одлучил да прогови некогашниот уредник на „Дејли Телеграф“, Макс Хејстингс, кој што открил дека некои делови одбил да ги објави за да се избегне голем кралски скандал.
Новиот документарец би требало да ги расветли односите на Дајана со многу луѓе од нејзиниот живот, а освен тоа се открива како таа го отворила срцето на Хејтинг три месеци пред интервјуто за „Панорама“.
Во текот на неговата средба со Дијана, ја прашал што знае за наводната завера дека треба да биде отстранета. Хејстон кажал дека е поласкан што баш со него Дијана сака да разговара, а од самиот заклучок на интервјуто може да се воочи дека таа го мразела својот сопруг Чарлс.
„Да, навистина го мразеше. Кога ја прашав за убавите моменти, ми кажа дека нивниот брак бил пекол од ден на ден. Бев импресиониран од нејзината искреност и директност со која што го изговори тоа. А, потоа додаде дека единственото нешто за што е загрижена е дали Вилијам ќе ја наследи кралицата на престолот, велејќи ми: „Не сум сигурна дека Чарлс е способен за тоа“. Таа сакаше Чарлс да отстапи од редот за престолот и да го препушти на нивниот син“, вели Хејстинг.
„Дајана неколку пати ми кажа многу работи. Ме праша што мислам јас за идејата дека сакаат да ја „отстранат“. Јас ѝ кажав дека тоа ми звучи лудо. Но, убеден сум дека таа веруваше дека тоа постои, а јас зажалив за тоа“, додал тој.
Документарецот освен интервјуто кое што е објавено во „Панорама“, обработува и делови од интервјуата на Чарлс.
Тој во првото интервју не сакал да ја признае аферата со Камила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа