Се породи Јелена Костов: На бебето му даде кратко, но многу моќно име
Јелена Костов се породи. Пејачката роди девојче, на кое родителите и го дадоа името Мила. Според медиумите, се поминало добро, а мама и бебето се одлично.
Инаку, пејачката и нејзиниот сопруг Миљан пред пет години добија син, а сега добија и девојче.
За време на бременоста, славната пејачка не криеше колку е возбудена поради своето второ дете, а бидејќи по препорака на лекар ги откажа сите настапи и реши да одмори до крајот на бременоста, времето во текот на летото го искористи за патување и релаксација покрај морето.
Патем, името Мила има значење – „таа што е за гушкање“; „личност која е драга; душа; добродушен“; „личност која на сите им е омилена“; „таа што е родена за да биде сакана“; „жена родена да живее во благодет“; „Божја миленица“; „таа што е сочувствителна; мила; благородна и самопожртвувана“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа