Се случи првото целосно затемнување на Месечината оваа година

 

Луѓето ширум светот би можеле да го гледаат затемнувањето на Месечината ноќта помеѓу недела и понеделник, првото целосно затемнување на природниот сателит на Земјата оваа година.

Овој небесен спектакл се изведуваше низ Централна и Јужна Америка и делови од Европа и можеше да се види без специјална опрема.

Станува збор за феномен познат како „Крвава Месечина“, кој се јавува кога Земјата е помеѓу Месечината и Сонцето. Тогаш Месечината добива светло-црвена или кафена боја.

Месечината тогаш изгледа поголема од вообичаеното, бидејќи се наоѓа на најблиската точка на Земјата во нејзината орбита.

Стотици луѓе се собраа во населбата Сан Антонио во колумбискиот град Кали за да го набљудуваат овој небесен феномен.

Во Сан Салвадор, главниот град на Ел Салвадор, многумина излегоа на улиците за да ја набљудуваат Месечината, а некои тоа го направија со телескопи.

Жителите на Њујорк, Мексико и многу други централноамерикански градови и јужноамерикански земји исто така го следеа феноменот на улиците.

Во западните делови на Европа, феноменот беше виден добро, но многу кратко, бидејќи Месечината заоѓаше за време на затемнувањето.

16.05.2022 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа