Се вакцинираше принцот Вилијам, но од Палатата не открија која вакцина ја примил
Пред два дена принцот Вилијам (38) ја прими првата доза на вакцината.
– Во вторникот, ја примив првата доза на вакцина, им благодарам на сите што работат на имунизација и за сè што направија досега – рече принцот Вилијам.
Војводата објави фотографија која е направена токму во моментот кога бил вакциниран, носел маска и ги почитувал сите мерки предвидени за оваа пригода.
Палатата не соопшти која вакцина ја примил Вилијам, но објасни е дека тој ќе може да избере помеѓу „Фајзер“ и „АстраЗенека“ бидејќи има помалку од 40 години.
View this post on Instagram
20.05.2021 - 14:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа