Се внесе во приказната: Новинарка известуваше од свингерсkи клуб па се вклучи во „акција“ (ВИДЕО)
Данска новинарка која известуваше за укинување на епидемиолошките мерки за радиостаницата РАДИО4 од свингерсkи клуб се вклучи во „акција“ во живо.
Луиз Фишер извести за својата радио станица за повторното отворање на клубот недалеку од Копенхаген по ублажувањето на превентивните мерки.
Во извештајот емитуван претходно оваа недела, Фишер се слуша како интервјуира луѓе во свингер-клуб и потоа им се придружува во нивните сеkсуални игри.
Слушателите можеа да ги слушнат експлицитните звуци за време на „акцијата“, но исто така и новинарката која му поставува прашања на својот сексуален партнер.
„Свинг-сцената е прилично таинствена“, изјави Фишер за локалниот весник „Јиланд Постен“, додавајќи дека сака да ја добие довербата кај луѓето со кои разговарала.
Директорката на програмата Тина Крагелунд го пофали нејзиниот пристап кон новинарската задача.
„Мислам дека е сосема во ред кога нашите новинари експериментираат и се справуваат со новинарството на поинаков начин“, изјави Крагелунд за данскиот весник.
Раководството на радиостаницата претходно и даде зелено светло на својата истражувачка новинарка за „акција“ во свингер-клубот, се разбира, ако таа сака.
Крагелунд за шведската телевизија СВТ изјави дека нејзината радио станица нема резерви за нешто универзално како сексот. Таа додаде дека нејзините новинари честопати ги вклучувале своите искуства во други извештаи.
„На овој начин, успеавме да навлеземе подлабоко во целата приказна отколку да не сме само набљудувачи“, рече таа за СВТ.
Новинарката рече дека некои колеги и рекле дека ја преминала границата, но и дека огромното мнозинство од повратните информации што ги добила станицата биле позитивни.
Radio4 var med, da swingerklubberne igen måtte åbne.
Advarsel: Det blev hedt og vådt for både vores reporter og gæsterne.
Hør hele reportagen her:https://t.co/B4bFtpThNe #dkmedier #radio4dk pic.twitter.com/RskBTQITYO
— Radio4 (@radio4dk) May 27, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа