Се запали автобус во Ниш - луѓето панично бегале

Вчера во Ниш градски автобус се запали на автобуската постојка.

„Пожар избувна од задниот дел на автобусот каде што се наоѓа моторот. Луѓето почнаа да бегаат во паника, автобусот се претвори во оган. Црн чад имаше насекаде“, изјави за „Блиц“ еден од минувачите што случајно се нашол во близина и додал:

„Работниците во околните дуќани се криеја стравувајќи дека нешто ќе пукне. Беше страшно. Пожарникарите брзо дошле и почнале да го гаснат пожарот“.

Пожарот во автобусот го изгаснале шест пожарникари со две возила. Повредени нема.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

25.05.2023 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега