Се затворија границите: Каде може да се патува со документи без „северна“

Иако од ниту еден граничен премин не може да се добие официјална потврда, со стари документи на кои нема „северна“ во овој момент можете да патувате кај три наши соседи.
Соседна Албанија никогаш не ни запре со пропуштање на македонски државјани на своја територија без разлика дали поседуваат стари или нови документи. Тоа може да и биде голем плус во пресрет на летото во битката со Грција за поголем дел од туристичкиот колач од Македонија.
Никакви проблеми ни за влез ни за излез не прават ниту на границата со Косово.
И од таму нема официјална потврда но до сега никој не бил вратен без разлика дали има стари или нови документи.
Иста е состојбата и на граничниот премин со Србија. И од таму никој официјално не потврдува дека може да се влезе во Србија со лична карта на која не пишува „северна“ но неофицијално, од вчера никој не бил вратен.
На другата страна од земјава, на границата со Грција строго се почитуваат сите правила и Грците не пропуштаат на влез ниту еден документ на кој не пишува Северна. Слична е состојбата и со Бугарија.

15.02.2024 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега