Седници на две собраниски комисии и на Советот на Собранискиот канал

 

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Советот на Собранискиот канал.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е амандманската расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование за кого поднесени се четири амандмани, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование за кого се поднесени девет амандмани и Предлог на законот за изменување на Законот за високото образование за кого е поднесен еден амандман, сите во второ читање.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на закоот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, и двата во прво читање.

На Советот на Собранискиот канал се Предлог Годишната програма за содржината на програмите и Предлог Годишниот план за видот и содржината на програмата за работа на Советот на Собраниски канал за 2026 година, Предлог Финансискиот и инвестиционен план за 2026 година и Разгледувањето на следните правилници и упатство: Правилникот за начинот на вршење на телевизиски преноси/аудио и видео снимање на седниците на Собранието на Република Северна Македонија и неговите работни тела; Правилникот за професионални стандарди и етички начела при продукција на програма; Упатството за начинот на користење и чување на опремата во Собраниското ТВ студио.

27.05.2025 - 08:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега