Седум загинати во пожар во станбена зграда во Ница

Седум лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Ница во југоисточна Франција во ноќта кон четвртокот, соопштија пожарникарите.

Се уште не е познато што го предизвикало пожарот кој избувнал на седмиот кат од зграда во квартот Мулнс во работничкиот дел на градот.

„И покрај големите напори, за жал седум лица загинаа при пожарот“, соопштија од итните служби. Три лица итно се префрлени во болница.

Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари.

18.07.2024 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега