Седумдесет рудари затрупани во рудниците по земјотресот во Тајван
Седумдесет рудари останаа затрупани во два рудници за јаглен во Тајван по силниот земјотрес.
Во едниот рудник има 64, а во другиот шест, соопштија пожарникарите.
Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 930 се повредени во земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди тајванската област Хуалиен, недалеку од епицентарот на истокот на островот.
Земјотресот и последователните потреси предизвикаа и 24 одрони и оштетувања на 35 патишта, мостови и тунели.
Властите изгубија контакт со 50 луѓе кои патуваа со минибус низ Националниот парк Тароко, бидејќи мобилните комуникации беа прекинати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа