Сега за неа сите знаат поради врската со еден од најсексапилните мажи на светот, а таа мами воздишки со својата убавина
Никол Потуралски изминатите денови ги поминала во друштво на новото момче, Бред Пит, а се вратила и во Берлин поради обврски.
Германската манекенка Никол Потуралски е во центар на медиумите поради тоа што била забележана со холивудскиот убавец Бред Пит, а очигледно дека 27-годишната убавица ужива во новата љубов.
И, додека минатите денови ги поминала со своето ново момче, таа се вратила во Берлин, па на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографија во бикини и се потсетила на летото.
„Минатата седмица се уште беше лето, но сега збогум“, напишала таа покрај фотографијата на која што позира сама.
Таа со тоа повторно ја открила својата совршена фигура, а обожавателите ја преплавиле со коментари.
Инаку, Никол е главна тема во светските медиуми, откако таа и Бред биле воочени заедно на неговиот имот во Франција.
Јавноста беше изненадена од веста дека Никол е веќе во брак и тоа со 68-годишниот Роналд Мареј, во чиј ресторан се запознала со Бред.
Таа со него има 7-годишен син, но нему наводно не му пречи што неговата сопруга се бакнувала со најпознатиот светски шармер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа