Сеизмолозите со предупредување: Земјотрес со јачина од пет степени би можел наскоро да ја погоди Србија

 

Сеизмологот Ана Младеновиќ изјави дека според геолошките и сеизмолошките истражувања, подрачјето на централна Србија има повратен период на земјотреси и соодветно на тоа се очекува земјотрес со јачина од пет степени.

Таа за „Танјуг“ објасни дека последниот земјотрес од таа јачина се случил во Краљево во 2010 година и оти е можно енергијата што доаѓа од Турција и Романија да го забрза тој процес.

Говорејќи за земјотресот во Турцја, Младеновиќ рече дека нејзините колеги го знаеле специфичниот сегмент од раседот и пресметале дека може да се случи земјотрес од таа јачина.

„Тоа е целосно научно засновано и верувам дека се во право кога велат дека го предвиделе земјотресот“, посочи таа.

Младеновиќ објасни дека кога ќе се случи земјотрес најважно е да не се паничи, да не се скока од прозорец или да трча по скалите, туку да чека да помине потресот.

Републичкиот сеизмолошки завод во изминатите денови регистрираше неколку земјотреси на подрачјето на Краљево, од кои неколку најсилни со магнитуда од 2,4 степени.

Исто така, земјотресите беа чести во регионот на западна Романија, од кои дел беа почувствувани во Србија.

Сеизмологот Славица Радовановиќ истотака смета дека во Србија може да се очекува почеста сеизмичка активност, што укажува на зголемена активност во источниот Медитеран.

Радовановиќ за РТС изјави дека земјотресите што се случиле во Романија, а биле почувствувани и во Србија, биле во област каде последниот земјотрес со таква јачина бил во 1940 година и каде имало долгорочна акумулација на сеизмичка енергија.

„Кога се случи турскиот земјотрес, само мал прилив на сеизмичка енергија беше неопходен за да се активира тој бран. Да немаше турски земјотрес, романскиот ќе се случеше можеби само една или две години подоцна, но сигурно ќе се случеше. “ изјави Славица Радовановиќ .

Таа додаде дека може да се каже дека турскиот земјотрес, како исклучително силен, со силна магнитуда која е на самиот врв за континентални земјотреси, бидејќи се смета дека тие можат да бидат и до осум степени по Рихтеровата скала, ги забрза земјотресите во Романија, но и предизвика земјотрес што се случи во Хрватска.

„Серијата земјотреси заедно зборува за тоа дека целото подрачје на источниот Медитеран влезе во време на зголемена сеизмичка активност и дека земјотреси со максимална јачина ќе има во различни епицентрални зони на ова подрачје“, изјави Радовановиќ.
Таа оценува дека зголемената сеизмичка активност ќе трае неколку години.

„Секогаш зборуваме за неколку години, а најчесто велиме дека во следните десет години се можни вакви настани, бидејќи сите тие притисоци се пренесуваат низ Земјата многу побавно отколку нашите стравови“, изјави таа.

На прашањето колку силен земјотрес може да се очекува во Србија, Славица Радовановиќ објасни дека Србија може да ја погоди земјотрес со максимална магнитуда од шест степени според Рихтеровата скала.

16.02.2023 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега