Секс маратон ноќ пред настап на Олимписките игри ја чинеше кариера- Велеа дека ја избркала цимерката од соба, а сега работи како модел

 

Бразилката Ингрид Оливеира предизвика голема бура на Олимписките игри пред пет години,иако претходни никој немаше слушнато за неа.

Ингрид Оливеира учествуваше во скокачки вештини беше во центарот на аферата бидејќи ноќта пред нејзиниот настап на Олимписките игри, таа имаше секс маратон со спортист - Педро Гонсалвес - кој се занимава со кајакарство, а сè беше откриено откако се пожали нејзината цимерка Џована Педросо.

Ингрид ја исфрлила Џовани од заедничката соба за да ја помине ноќта со Педро, без оглед што следниот ден имаа настап на Игрите што можеше да им донесе медал.

Џована не сакла да попушти, но на крајот Ингрид ја убедила велејќи и дека е потполно подготвена, но се покажа дека не било затоа што останаа без медал иако беа апсолутни фаворити, па настана скандал, а таа беше репрезентација на Бразил.

После тоа падна во заборав, а скоро беше прашана дали вредеше ли секс-маратонот за една ноќ?

„Сега ќе ви ја кажам вистината. Да, го однесов Педро во собата, но никого не избркав. Исто така, тие не ме исфрлија од Олимпијадата. Во еден момент, двајцата сакавме нешто повеќе, исто како и многу други спортисти во Олимпиското село “, рекла Ингрид и ги открила деталите.

"Усеин Болт однесе една девојка во соба иако немаше акредитација. Луѓето тие денови отвораа профили на Тиндер за да флертуваат".

Игрид, која е позната и по бројните тетоважи, вклучително и онаа со олимписките кругови, започна приказна пред јавноста и дека не е единствената што имала „сексуален нагон“ во олимпиското село, само други не се откриени.

'' Сите го сторија тоа, но само мојот случај протече. Тие не ме избркаа затоа што мојата кариера до тој момент беше совршена. Кога ми рекоа дека сето тоа излезе во медиумите, плачев со денови. Знам дека гзгрешив и бев свесена за тоа, но, не заслужив таков третман. Целата приказна е искривена ... “, откри атрактивната Бразилка.

Во меѓувреме, Ингрид стана модел на костими за капење, но сепак сака да се натпреварува на Олимписките игри во Токио.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2021 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега