Семејство од Ресен за само 100 денари си „изгреба“ стан во Скопје
Семејство од село Аравати, Ресен за само 100 денари добија стан во Скопје.
На инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија купен во Кавадарци добија една од 5-те премии во вредност од 2.914.181 денар, колку што изнесува вредноста на добивката - стан со големина од 32,25 м2, со сите вклучени давачки (данок на имот, трошоци за пренос и друго).
Мирјана и Гоце со двете дечиња (од 6 и 8 години), се запознаа со околинатa и новите соседи на адреса Методија Шаторов Шарло, во населбата Аеродром. Шетајќи низ станот добиен за 100 денари, среќните добитници ја споделија нивната среќна приказна.
Гоце, со намера да купи вода од продажното место „Браво Нутс“, во Кавадарци, првпат во животот решил да купи инстант лозови. Вели – ги видов, ми се допаднаа и си реков – да купам 5. Го привлекол атрактивниот изглед на инстант лозот „Доме, сладок доме“ и секако 5-те премии, но задоволството да ги изгребе лозовите го оставил за дома и го препуштил на сопругата, дури и не присуствувал на гребењето и забавното откривање на добивките.
„Не можев да верувам, од 5 инстант лоза, 3 беа со добивка: 100 денари; 3000 денари; а кај последниот лоз што го изгребав, кога 18-ката од добитните броеви, се повтири во полето за гребење и тоа токму над добивка стан 2.914.181 денар, си реков, не е можно. Мислев дека се работи за некоја грешка.“ Пресреќната Мирјана ни ги раскажа возбудливите моменти. Потоа, му се јавила на Гоце и во телефонски разговор, му ја соопштила убавата вест. Поверувале откако заедно стигнале во најблиското продажно место на Државна лотарија каде што им ја потврдиле добивката.
Со среќата никогаш не се знае, таа не ги избира само упорните, туку ги охрабрува и оние што не веруваат во неа, треба само да ù се даде шанса.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа