Семејството на Џорџина Родригез изненади со изјавите: „Ова е зло од жена, се срами од нас“
Од моментот кога го заведе познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, неговата вереница Џорџина Родригез продолжува да биде мета на светските наслови.
Наскоро на Нетфликс доаѓа серија за нејзиниот живот, но сепак, се чини дека не е сè така совршено како што изгледа.
Иако се откриени само мали детали за тоа што нè очекува во серијата „Soy Georgina“, таа веќе привлече големо внимание во јавноста.
Џорџина важи за една од најпопуларните жени во светот, но иако во најавата на серијата се споменува дека семејството е она што ја прави среќна, некои членови oд семејството не се согласуваат.
Тие откриле дека Џорџина им го свртела грбот откако го запознала Роналдо.
„Таа се срами од нас и веројатно мисли дека е подобра од нас бидејќи ние не живееме луксузен живот како неа“, рекол нејзиниот вујко Хесус Хернандез.
Тој додал дека ретко му се јавувала.
„Никогаш ништо не барав од неа. Таа ми се јави само еднаш или двапати откако беше со него, а јас се погрижив да ѝ обезбедам пристоен живот на неа и на нејзината сестра“, рекол тој.
Патем, животот не ја галел Џорџина. Во 2011-та година ја изгубила мајка си, додека нејзиниот татко е осуден на 10 години затвор поради дилање дрога. Тој починал во 2019-та година, а таа и нејзината постара сестра Ивана биле принудени сами да се борат за да преживеат.
„Му реков на Роналдо дека покрај себе има зло од сопруга и дека ако сака да дознае повеќе да контактира со мене“, додал нејзиниот вујко, кого го налутило тоа што Џорџина никогаш не ги известила за смртта на нејзиниот татко.
Неколку зборови за Џорџина имала и неговата партнерка Лидија.
„Таа престана да им се јавува на денот кога се породи. Се обидовме да ја добиеме, но изгледа дека ги смени броевите. Сега сите ќе дознаат каква личност е“, рекла таа.
И нејзината полусестра Патриша Родригез не го криела разочарувањето.
„Кога му беше роденден на мојот син, го замолив Кристијано да потпише дрес за него. Одговорот беше 'не'. Таа не сакаше да му пречи додека тој беше на одмор“, рекла таа.
За потсетување, Роналдо и Џорџина се запознале во 2016-та година. Кон крајот на 2021-ва година откриле дека очекуваат близнаци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа