Сестрата на Роналдо предизвика хаос на социјалните мрежи: „Бог го испрати Кристијано да покаже дека короната е најголема измама што сме ја виделе“

 

Катија Авеиро, сестра на славниот Португалец Кристијано Роналдо, предизвика бурни реакции ширум светот со еден пост на социјалните мрежи.

Фудбалскиот сојуз на Португалија во вторникот објави дека најголемата ѕвезда на националниот тим е позитивна на вирусот КОВИД-19. Роналдо се чувствува добро, нема симптоми и е изолиран во хотелска соба во тренинг кампот на оваа репрезентација.

Кога откри дека нејзиниот брат е заразен, Катија на Инстаграм го напиша следново:

"Ако Роналдо треба да го разбуди светот, тогаш тој е Божји гласник. Му благодарам за тоа! Бидејќи илјадници луѓе ќе ја видат оваа пандемија, тестови и мерки, ќе мислат исто како мене ... Дека ова е најголемата измама што сме ја виделе. - порача сестрата на Кристијано.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега