Шакира го остави Пике: Жал ни е, но така е најдобро
Светските медиуми изминативе денови пишуваа за разделбата на пејачката и фудбалерот, како и дека разделбата е поради прељуба и дека Пике ја изневерил Шакира со 20-годишната хостеса.
Шакира и Пике решиле да стават крај на гласините и испратиле заедничко писмо.
Тие објавија дека по 12 години врска и две деца се разделуваат, а тоа го објавија во заедничко писмо:
„Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш главен приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето“, рекле тие.
04.06.2022 - 15:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа