Шакира гради ѕид помеѓу неа и семејството на Пике
Родителите на Жерард Пике веќе нема да имаат пристап кон домот на Шакира, која реши да изгради вистински ѕид помеѓу неа и семејството на својот поранешен партнер.
Дефанзивецот на Барселона, Пике и колумбиската поп-дива Шакира ја прекинаа врската по 11 години, по наводното неверство на фудбалерот. Шпанските медиуми шпекулираа дека таа ќе се пресели во САД со своите две деца, но и дека Пике ќе замине во Мајами доколку се случи тоа.
Сега „Марка“ јавува дека Шакира решила да изгради ѕид меѓу нејзиниот дом и тој на родителите на Пике во Барселона.
Со ова се надоврзуваат лошите последни неколку недели за Пике, откако Барселона, клубот во кој израсна и во кој се врати во 2008 по кратката авантура во Манчестер јунајтед му порача дека веќе не е потребен во клубот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа