Шакира објави видео на кое пее: „Би можела да го убијам поранешниот, неговата девојка е следна“

 

Пејачката Шакира објави необично видео на ТикТок, на кое, облечена во црна модна комбинација со чизми на висока пета, го чисти тепихот и пее песна која носи интересна порака.

Имено, Шакира ја пеела песната „Kill Bill“ на американската кантавторка SZA. Стиховите од песната зборуваат за убиецот по име Брајд и нејзината цел да му се одмазди на поранешното момче така што ќе го убие.

„Би можела да го убијам својот поранешен, не е најдобра идеја/ Неговата девојка е следна, како стигнав до тука?/ Би можела да го убијам поранешниот, но сѐ уште го сакам/ Попрво би била во затвор отколку сама“, пеела Шакира.

„Нема шанси Шакира да го објави ова“, „Јас кога се преправам дека чистам кога очигледно имам пет слугинки“, „Ако Клара и Пике го гледаат ова…“, „Ја чисти неговата крв“, „Ох не, ќе го убие“, се некои од коментарите под снимката.

За потсетување, Шакира и Пике ја раскинаа врската пред неколку месеци, а Шакира сними песна во која го прозва познатиот фудбалер. За само два дена, песната доби повеќе од 86 милиони прегледи, а бројката од ден за ден се зголемува.

@shakira

 

 Kill Bill - SZA

16.02.2023 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега