Шамap за Косово: Шпанија не го признава Косово, искрена поддршка за Србија

Србија може да смета на искрената поддршка на Шпанија за зачувување на нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Аранка Гонзалес Лаи по разговорите со српскиot колега Никола Селаковиќ во Мадрид.

-Шпанија се држи до принципот на непризнавање на Косово. Ние досега ја браневме таа позиција, тоа го правиме денес и ќе продолжиме и во иднина, рече министерот на заедничката прес-конференција.

Гонзалес посочи дека прашањето за Косово и Метохија треба да се реши во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

-Ние мора да го поддржиме овој дијалог уште порешително како начин за мирно решавање на прашањето за Косово и Метохија, рече шпанскиот министер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега