Шекеринска: Издвојувањето во одбраната е за да избегнеме војна
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска синоќа го коментираше вложувањето во одбраната. Таа гостуваше во емисијата „360 степени“, емитувана на МРТ.
-Подобро е да инвестирате со време за да го избегнете военото сценарио. И, јасно станува дека и во Европа и во целава оваа евроатланска регија мораме да се подготвиме на свет кој ќе биде карактеризиран со поголема нестабилност, рече Шекеринска.
Запрашана како е прифатена во алијансата вели: - Tоа покажува дека не треба да стартувате, и ние како држава и ние како поединци, со комплексот дека доаѓате да, од мала држава, која може помалку да придонесе од останатите. Меѓутоа, може да имаме знаење, искуство, вредност којашто Алијансата ќе ја цени. Така што, тој мој бекграунд јас не го гледам како хендикеп. Некогаш, во кандидатурите може да биде хендикеп. Но, го гледам како предност заради тоа што, од друга страна, како држава која била во тешки ситуации и сериозни кризи поврзани со безбедност, ние точно знаеме која е цената на безбедноста, изјави Шекеринска.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на 19 ноември 2024 година ја назначи Шекеринска за следен заменик генерален секретар, нагласувајќи дека таа вистински верува во Алијансата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа