Шест чудни симптоми на Ковид 19 за кои не се зборува - никогаш не би ги поврзале со коронавирусот
Повеќето од нас ги знаат главните симптоми на коронавирусот - температура, сува кашлица, болки во целото тело, силен замор, губење на вкусот и мирисот...Овие симптоми се најраспространети, но не и единствени, а постојат низа необични симптоми кои на прв поглед никогаш не би ги поврзале со коронавирусот.
Новинари од магазинот „Гламур“ неодамна направиле список на чудни симптоми, на кои не би било лошо да се обрне внимание.
Ковид ножни прсти
Здружението на американски дерматолози истакнува дека голем број пациенти како еден од симптомите на коронавирусот наведуваат отечени ножни прсти, често црвени или темновиолетови, кои делуваат како замрзнати. Во поедини случаи се јавуваат дури и болни израстоци или дамки.
Осип предизвикан од вирусот
Неодамна научниците истакнале дека еден од симптомите е изненадниот осип. Тие советуваат пациентите да се посоветуваат со лекар ако забележат осип, округли или точкасти траги по кожата, црвени печати, разни испакнатини кои чешаат, пликови...
Зачестено одење во тоалет
Лекарката од општа пракса д-р Дијана Гал тврди дека пациентите со коронавирус може да забележат „суптилни промени во своите гастроинтестинални навики“ пред да добијат дијагноза за Ковид 19. Таа ги предупредила пациентите да поведат сметка за честото одење во тоалет и меката столица, затоа што можат да бидат показател дека сте заразени.
Зуење и шуштење во телото
После низа сведоштва на заразени на Твитер кои тврделе дека се чувствуваат како шумлива таблета во вода, односно имаат чувство како струја да им поминува по телото, научниците заклучиле дека може да станува збор за автоимун одговор кој е поврзан со реакција на нервниот систем на коронавирусот.
Промена на очите
Како што известува клиниката Мајо, Ковид 19 може да предизвика проблеми со очите како што се зголемени капилари, натечени капаци, претерано солзење на окото, зголемена чувствителност на светлина...
Халуцинации
Овој симптом може да биде поврзан со делириумот на пациентите кои имале тежок облик на коронавирус. Имено, различните благи до сериозни халуцинации и симптоми на психоза кои се јавуваат во поедини тешки случаи може да имаат врска со пандемијата Ковид 19, што потврдиле и студиите објавени во магазинот „Psychology Research and Behaviour Management".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа