Шилегов: Од ДПМНЕ нема политика за државен интерес, туку политиката ја сведе на инаетење
Членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24 истакна дека во изминатите 6-7 години од ДПМНЕ нема креирање на политика за државен интерес, туку политиката ја сведе на инаетење.
Она што е интерес на државата, она што СДСМ го прокламира како интерес на државата, без да се седне, а приори ДПМНР оди против, рече Шилегов, додавајќи дека ако се има здрава мисла за општеството и државата не може да се тераат политики на инаетење.
Тој нагласи дека уставните измени не се политички интерес на СДСМ, уставните амандмани се општествен интерес на Македонија.
Тука не станува збор за политички каприц на СДСМ, па нешто ќе направиме зашто нас ни е ќеф, туку станува збор за интересот на државата, рече Шилегов, додавајќи дека Македонија е членка на НАТО, стартешки оределена за северноатланстките асоцијации, треба да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Еден каприц, едно инаетење во 2008 година во Букурешт на Самиот на НАТО, нас не кошта 15 години застој во евроинтеграциите. И не чинеше и многу повеќе во политичка смисла. Тоа што го направивме 2018/19 година виза ви тоа што требаше да биде направено 2008 година. Меѓутоа годините ги изгубивме. Во 2008 ние бевме барабар со Хрватска. Хрватска не само што е член на НАТО и ЕУ, туку воведе евро и е дел од Шенген. Кој ќе ни ги надомети на нас изгубените години. Дали имаме право да губиме нови години? Тоа се клучните прашања во политиката, а не политичките каприци коишто не се стратешки, туку се чисто политичко инаетење, истакна Шилегов.
Велат ќе загубиме национален интерес. Со промена на преамбула на Устав се губи национален интерес? Ве молам. И затоа мислам дека целосно неодговорно е однесувањето на дел од политичките структури. Евтиниот попилузам е лесен за водење политика, но последиците од популзимот се стравични, истакна членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.
20.11.2023 - 22:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа