Шилегов: Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација, Арсовска да поднесе оставка
Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов смета дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација и побара градоначалничката Данела Арсовска да поднесе оставка.
- Почитувана Арсовска, заминете си! Поднесете оставка! Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа), напиша Шилегов на Фејсбук.
Шилегов предлага на пролет да има избори и во Скопје.
- Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот во кој што сите живееме. За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум), но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!! За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив !!! Човекот ја прави функцијата …, напиша Шилегов на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа