Шок изјава на огорчениот Медведев: Ги убивте сништата на едно дете

 

Рускиот тениски ас Данил Медведев по болниот пораз во финалето на Австралиан Опен одржал една од најемотивните конференции во историјата на тенисот.

Рафаел Надал на крилата на огромната поддршка на навивачите во Мелбурн направи епски пресврт и го совлада Медведев по речиси пет и пол часа игра со 3-2 и така дојде до својата 21-ва Грен сче, титула во кариерата.

Натпреварот го одбележало скандалозното однесување на публиката на стадионот Род Лејвер, која во текот на натпреварот правела се за да наруши играта на рускиот ас. Видно изнервираниот Медведев неколку пати му се жалел на судијата за однесувањето на навивачите, но помош немало.

Сето тоа го заболело Медведев...

„Од сега ќе играм само за себе, моето семејство, за луѓето кои веруваат во мене и секако, за сите Руси, бидејќи почувствував многу поддршка тука. Вака ќе ви го соопштам тоа. Ако се случи да се организира некој турнир на тврда подлога во Москва, пред Ролан Гарос или Вимблдон, ќе одам да играм таму дури и по цена да пропуштам Вимблдон или Ролан Гарос, или некој друг голем турнир. Ова дете престана да сонува. Ова дете ќе игра само за себе. И тоа е тоа. Тоа е мојата приказна“, рекол разочараниот Медведев.

Рускиот ас во продолжение на конференцијата открил зошто донел таква одлука.

„Ќе ви дадам еден мал пример. Пред Рафа да сервира, дури и во петтиот сет, се случуваше некој да викне - 'Одиме, Данил'. Не би ме чудело тоа да беше и едно лице. А илјадници луѓе веднаш реагираа со 'Псссссссст! Псссссссст'. А кога дофрлањата се случуваа при мој сервис, немаше реакции. Знаете, тоа е разочарувачко. Тоа е непочитување. Не-по-чи-ту-ва-ње. Не сум сигурен дека по 30 години ќе играм тенис“, порачал рускиот ас.

01.02.2022 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега