Шокантни предвидувања на Фицо: Украина ќе биде поделена

 


Украина ќе изгуби третина од својата територија во конфликтот со Русија и нема да чека САД и нивните сојузници да ја поканат во НАТО, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесува ТАСС.

Според него, Западот ќе ја жртвува Украина по нејзиниот неуспех, а тие би можеле да ја поделат земјата како Чехословачка во 1938 година.

„Мислам дека Украина ќе изгуби една третина од својата територија, но ќе ѝ бидат понудени безбедносни гаранции, на пример, присуство на странски војници“, рече Фицо во интервју за бразилскиот весник „Фолха де Сао Пауло“.

Како што истакнал, решението на конфликтот во Украина може да биде само прекин на огнот и почнување на преговарачкиот процес.

„Украина дозволи да биде вовлечена во таква приказна која не може да заврши добро за земјата. Ќе ја изгуби својата територија и нема да биде поканета во НАТО“, изјави Фицо и додаде дека секој што е барем малку реален треба да признае дека Русија никогаш нема да се повлече од Крим, ДНР и ЛНР.

Рече дека никогаш нема да го поддржи влезот на Украина во НАТО додека тој е премиер, според медиумот.

12.12.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега