Шолц: Распоредувањето на американски ракети во Германија е неопходен чекор
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска оцени дека најавеното распоредување американски ракети со долг дострел во Германија е неопходен чекор за безбедноста на земјата.
Договорот, кој беше објавен за време на самитот на НАТО во Вашингтон, предвидува САД да распоредат различни ракетни системи на германска територија почнувајќи од 2026 година.
„Долго време се бориме со прашањето како можеме да обезбедиме одвраќање што ја обезбедува територијата на Алијансата со конвенционално оружје, но и Германија. Оваа одлука е во процес на разгледување долго време и не е изненадување за секој кој е вклучен во безбедносната и мировната политика“, изјави Шолц за новинарите во Вашингтон, пренесува Би-Би-Си.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа