Штипјанец обвинет за измама и закани: Преку социјални мрежи продавал непостоечко „Ауди“ и извлекол 366.747 денари
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.M. (46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот во периодот од јуни до септември 2024, при комуникација преку социјална мрежа, измамил женско лице, при што на оштетената и понудил продажба на автомобил „ауди а3“ кој не го поседувал и ја навел во неколку наврати преку брз трансфер на пари и преку други лица да му исплати на пријавениот 366.747 денари. Пријавениот, исто така, и упатувал закани.
30.05.2025 - 13:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа