Што да направат граѓаните кои по 12 февруари ќе се затекнат во странство со стар пасош?

 

Од МНР велат дека македонските граѓани кои по 12 февруари ќе се затекнат со неважечки пасош во некоја странска земја, во Македонија ќе можат да се вратат со патен лист.

Како што велат од МНР, документот може да се издаде во конзуларните претставништва, по претходна најава. Исто така, соопштуваат дека Македонците во странство може да се сликаат за нови документи, но целата процедура трае 30 дена.

Дел од нашинците во Греманија, за Канал5, велат дека термини за сликање има дури во јуни, а износот на патниот лист е 30 евра.

Од Обединетата Македонска Дијаспора пак велат дека не станува збор за неколку изолирани случаи туку за илјадници Македонци во Европа и САД.

Илјадници случаи, ние мислиме дека се 100 илјади државјани засегнати со ова. Но, ние како граѓани сме имале простор од 5 години, а тоа не е направено. Дефинитивно сите оние кои се надвор, со стари документи ќе мора да извадат патни листови. Доколку се работи за лет не очекуваме проблем, но доколку транзитираме не се знае. МНР не може да гарантира дека некоја од државите нема да направи проблем- изјави Гордан Јорданов од Обединета Македонска Дијаспора.

И од македонското МНР ги повикува Мкедонците кои се во странство а немаат можност да се стекнат со нови патни исправи преку дипломатските претставништва, навремено да се вратат и тоа да го сторат во земјава. Дополнително, од таму и потсетуваат дека по 12 февруари македонските државјани без нови патни исправи нема да имаат можност да ја напуштат земјава.

02.02.2024 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега