Што вози Путин приватно?

 

И додека тензиите меѓу Русија и Украина не се смируваат, на сајтот на Кремљ објавен е имотниот лист на рускиот претседател, вклучувајќи ги и автомобилите кои се во негова сопственост.

Имотната состојба на Владимир Путин е вистинска мистерија. Додека тој се претставува како скромен човек од народот, многу западни медиуми пишуваат дека тој всушност е најбогат човек на светот со лично богатство проценето на повеќе од 200 милијарди долари.

Меѓутоа, официјалниот имотен лист открива поинаква приказна. Многумина очекувале Путин има гаража која се состои од десетина скапоцени автомобили, но барем според официјалните документи, тоа не е случај. Според пописот на имотот на рускиот претседател кој го објавил Кремљ, Путин има гаража од 18 метри квадратни со три автомобили и приколка. Секако, сите возила се од руско производство. Путин поседува два “GAZ M21 Volga”, а станува збор за авангардна лимузина која се произведувала уште во времето на Советскиот сојуз, меѓу 1955-та и 1970-та година.

 

Специфичноста на овој модел се крие во тоа дека ова е еден од првите автомобили кои го придвижува мотор од 75 коњски сили во целост направен од алуминиум, а овој агрегат бил споен со автоматски менувач.

 

Како што пишува “Revija HAK”, покрај овие три автомобили, во неговата гаража се наоѓа и Скиф приколка со тенда на вовлекување, која во главно му служи за кампување во природа. Сепак, треба да се биде внимателен бидејќи често политичарите можат да го претстават својот имот многу поскромно од тоа што е.

Путин сепак најмногу се вози со својот службен “Aurus Senat”, кој е специјално креиран за него и претставува своевиден руско “Rolls-Royce”.

09.02.2022 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега