Што значи покачен ЦРП - кога станува збор за сериозно воспаление!

 

Докторите откриваат дека луѓето најчесто ги немаат дома двете работи што би им помогнале при повик на брза помош и би им ги дале најважните информации на медицинските работници.

Тие објаснуваат што значи покачен ЦРП и во кои ситуации тој расте, што предизвикува поголем, а што помал скок.

„Ц-реактивниот протеин, односно ЦРП, скока како жива во топломер, да објасниме сликовито. Тоа е протеин чија количина се зголемува во оштетени и воспаленија ткива. Пациентите се јавуваат преплашени кога е покачен. Околу пет единици е нормално, околу 40 е благо зголемување, а до 200 станува збор за сериозно воспаление“, откриваат докторите.

ЦРП не може да се протолкува самостојно, односно докторот треба да знае и за општата состојба на организмот, полот, годините и анамнезата на пациентот, па дури тогаш ќе има комплетна слика.

„ЦРП може да биде знак за акутен воспалителен процес и помалку ќе биде покачен за време на вирусни инфекции, а повеќе за време на бактериски. Покачен е по инфаркт, во случај на алергиски, хронични и автоимуни болести, како што е ревматоиден артритис. Во случај на малигнитети, исто така ќе има голем пораст“, објаснуваат тие.

ЦРП почнува да расте во првите шест до девет часа, а по 48 часа го достигнува својот максимум.

„Важно е да се следи динамиката, реакцијата на терапијата со антибиотици. Но при првата регистрација, имаме полно право да помислиме на притисок, атеросклероза, стврднување на масните наслаги на ѕидовите на крвните садови, нестабилност на тој плак и тромбоза“, порачуваат докторите.

Голем број пациенти викаат брза помош, а не измериле притисок или не знаат каде им е топломерот…

„По којзнае кој пат апелираме, се случува луѓе да се јават и да кажат дека топломерот им се расипал или не знаат каде е. Тоа се многу важни податоци за нас, а кога постојат варијации на притисокот, дури и кај млади луѓе, важно е да ги знаеме вредностите. Апаратот за мерење притисок не чини многу, а многу значи“, заклучуваат докторите.

15.02.2022 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега