Шукова: Преземањето на Попова Шапка од италијанскиот инвеститор е процедура која сè уште е во тек

 

Една година по изборот на стратешки инвеститор за Попова Шапка сè уште траат процедурите за одобрување на преземањето на ски центарот од страна на италијанската компанија, информираше денес од Тетово, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа цени дека процедурите одат во добар правец овој проект кој лани во ноември го најавија нејзиниот претходник.

- Утре во рамките на процесот за одобрување на стратешката инвестиција има состанок во Министерството за финансии, ќе се разгледува уште еднаш овој проект. Јас мислам дека оди во добра насока. Јас се надевам дека се исполните сите услови коишто инвеститорот треба да ги обезбеди за да може Владата, а потоа и Собранието да одобри ваков стратешки проект, рече Каја Шукова од Тетово каде беше во посета на Национален парк Шар Планина.

На новинарско прашање што е направено за оваа измината цела година, Шукова рече дека се работело со разгледување на законите и документите.

- Процес е, мора да помине, се собираат мислења од ресорните министерства, треба да се видат повеќе аспекти, треба да се види еколошкиот, економскиот, социјалниот, значи не е едноставно, тоа не е само со поднесување на барањето да биде одобрено и на Влада и на Собрание. Меѓутоа мислам дека е при крај, ќе се донесе одлука дали ги исполнил условите инвеститорот и дали може да се случи договор за стратешка инвестиција којшто би го поминала Владата, а потоа и Собранието, рече Шукова

Според неа од страна на државата исполнети се условите за давање на ски-центарот на стратешкиот инвеститор.

12.12.2023 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега