Шукова: Скопјани се гушат од Вардариште а Орце и ДПМНЕ не презамаат ништо, СДСМ има решение
Дивата депонија Вардардиште пак гори и ги труе скопјани. Еколошка бомба, закана за над 150.000 граѓани од Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода но и за цело Скопје.
Кандидатката за градоначаланичка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова вели дека и покрај сите предупредувања, апели за итна институционална реакција и нудење конкретно решение, власта на ВМРО-ДПМНЕ бесрамно молчела и ништо не преземала.
-Како ВМРО-ДПМНЕ да се подбива со граѓаните кои бараат право на живот, на чист воздух и здрава животна средина. Најголеми виновници за загушеното и задушено Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници, Ѓорѓиевски и Арсовска. Немаат ниту знаење, ниту решение, ниту пак волја нешто да преземат, рече Шукова.
Вели, над 150.000 граѓани се трујат 4 години во континуитет поради нив.
-Четири години неспособната локална власт на ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова е врв на неработење, негрижа и криминална рамнодушност! СДСМ има конкретно и издржано решение за Вардариште: -Итно оградување и заштита на просторот на Вардариште, со пристап само за комунална хигиена. -24-часовно физичко обезбедување за превенција од палење на отпадот. -На подолг рок: изградба на нова претоварна станица по сите европски стандарди и воведување систем за управување со отпадот. Од собирање до селекција и финално депонирање во Дрисла, рече Шукова на прес-конференција во партиското седиште.
Најави дека советничката група на СДСМ во Град Скопје ќе бара итно свикање на седница на Советот на Град Скопје.
-Не може советот да биде на страна а скопјани да се гушат, тоа е недозволиво. Мора службите на градот да добијат задача за итно надминување на проблемот со горење на отпадот во Вардариште. Скопјани повеќе немаат време за чекање и лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ. Скопје бара чист воздух, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа