Шварценегер распали по антиваксерите: Кога заразувате други луѓе, тогаш станува сериозно
Арнолд Шварценегер не бира зборови кога го искажува својот став за Американците кои одбиваат вакцина против Ковид-19.
Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија (74) упати жестока порака до оние кои не сакаат да се вакцинираат или да носат маски.
Во текот на интервју за Си-ен-ен во средата, тој ги повика луѓето да се вакцинираат и да помогнат да се запре ширењето на вирусот.
„Луѓето треба да знаат дека тука има вирус. Тој убива луѓе, а единствениот начин да го спречиме тоа е да се вакцинираме, да носиме маски, да правиме социјална дистанца, да ги миеме рацете цело време, а не само да размислуваме: мојата слобода е нарушена“, рече тој, како што пренесува „Холивуд репортер“.
„По ѓаволите со твојата слобода, бидејќи со слобода доаѓаат обврски и одговорности.“
Sвездата на „Терминатор“ додаде: Не можеме само да велиме ‘имам право да правам икс, ипсилон, зет.’ Кога заразувате други луѓе, тогаш станува сериозно.“
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа