Силјаноска Давкова: Наша цел во четиригодишниот мандат е да влеземе во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа

Д-р Гордана Силјаноска Давкова, носител на изборна единица 1 денеска на улица Македонија при отворање на штаб истакна дека како Универзитетски професор и е срам што на Шангајската листа се наоѓаме по 1800-тото место.

„Срам  ми е бидејќи  доаѓам од Универзитет да кажам дека сме некаде на 1800 место на Шангајската листа. На перифирејата, на периферијата. Како што сме сега во поглед на хибридниот режим. Скромни сме во целите бидејќи она што го ветуваме ќе го исполниме и затоа нашата цел е  барем во четири годишниот мандат да влеземе  во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа“, нагласи Силјаноска.

Силјаноска како носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ истакна дека во обновата ваучерите ќе бидат за концерти, за спортски настани, а младите до 29 години нема да плаќаат никаков данок за да го внесат својот економски и компетитивен дух овде.

„Сите што се по светот ќе ги собериме во една алумни асоцијација, постојано ќе комуницираме, плати ќе понудиме за нив повисоки за да ги задржиме овде“, додаде Силјаноска

Силјаноска посочи дека крајно време е да имаме образование кое е компактибилно со европското. Силјановска исто така истакна дека е крајно време да имаме можност за доедукација да имаме можност за мобилно образование и да ја демократизираме ситуацијата на универзитетите.

„Не е универзитетот база осамена, она што се случува во  моментот е сликата на Македонија во мало за жал, таму каде што треба да се негува критичкиот дух, се негува партискиот  поданички дух и повторно имаме битки на ректори чии што статус зависи од партиите. Одлика на антикорупциска не се почитува“, истакна Силјаноска.

Таа посочи дека еден од првите предлози е да свикаат уставно-правна комисија бидејќи веќе ги детектирале веќе најголемите мани што произлегуваат од Уставот.

 

„Ветото сетете се формирање на влада, сето тоа мора да има решение овде па и да го оставиме во иднина некому важно е да размислуваме системски“, нагласи  Силјаноска

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега