Силјановска Давкова: Го почитувам Преспанскиот договор, но верувам во слободата на изразување

 

 

Претседателката Гордана Силјановска Давкова смета дека не го прекршила Преспанскиот договор кога во свечената заклетва во Собранието го изостави „Северна“.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека го почитува Преспанскиот договор, но верува и во слободата на изразување на мислата, слободата на самоидентификација и слободата на самоопределување.

-За мене слободата на мислата како дел од Универзалната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор, рече Силјановска Давкова. 

Прашана, дали тоа ќе ѝ попречи на евроинтегративниот пат на Македонија, претседателката кажа дека тоа е прашање за официјална Атина од каде доаѓаат закани за такво нешто.

По нејзината свечена изјава следеше реакција и дома, но и од меѓународната заедница. Идниот мандатар за состав на новата Влада, Христијан Мицкоски кажа дека тој во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“.

27.05.2024 - 19:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега