Сиљановска-Давкова ја поздрави засилената дипломатска активност на Владата во однос на САД
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја поддржа засилената дипломатска активност на премиерот и Владата во односите со Соединетите Американски Држави (САД), оценувајќи ја како соодветен одговор на динамичните глобални промени.
Оваа изјава таа ја даде по посетата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во време кога премиерот Христијан Мицкоски ја реализира својата трета посета на САД откако ја презеде функцијата.
„Тие се на вистинското место“, изјави Сиљановска-Давкова во однос на дипломатската ориентација на Владата кон САД, истакнувајќи ја важноста на лоби-групите во американскиот политички систем.
„Јасно е зошто фокусот е ставен на САД – не само затоа што амбасадорката на САД го поддржува овој пристап, туку затоа што сите што ја следат политиката знаат дека системот на лобирање игра клучна улога во креирањето на американската надворешна политика. Ретко сме имале можност директно да комуницираме со влијателни фактори во овој процес, а тоа може да биде стратешка предност“, изјави претседателката, одговарајќи на новинарски прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа