Сиљановска-Давкова за стратегиското партнерство со Обединетото Кралство: Мора да наоѓаме решенија за развој

 


Стратегиските партнерства ќе бидат многу актуелни во следниот период, а ние мора да наоѓаме решенија за развој, рече денеска престедателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство што треба да биде потпишан утре во Лондон.

Одговорајќи на новинарско прашање по сесијата од Форумот за културна дипломатија, Сиљановска Давкова нагласи дека земјава има многу научени лекции и предизвици за да внимава како ќе се однесува во склучувањето на договорите како дел од стратегиското партнерство.

-Стратегиските партнерства ќе бидат многу актуелни во следниот период, а ние мора да наоѓаме решенија за развој и стратешкото партнерство е во таа област. Јас би сакала да имаме стратешко партнерство и со некои земји како Азербејџан и останатите. Ние не можеме да скокнеме во обновливи извори без транзиција која е врзана за гас, а мислам дека, се разбира, ние имаме многу научени лекции и предизвици за да внимаваме како ќе се однесуваме во склучувањето на договорите како дел од стратешкото партнерство, подвлече претседателката. 

21.05.2025 - 13:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега