Сиљановска утре ќе му го врачи мандатот на Мицкоски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе го врачи мандатот за состав на Владата, на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти претседателскиот кабинет.

ВМРО-ДПМНЕ извои убедлива победа на изборите во мај, освојувајќи 58 пратеници. Во тек се преговори за составот на новата Влада, а се очекува коалициски партнери да бидат Вреди и ЗНАМ.

Владата треба да се формира во рок од 20 дена по врачување на мандатот.

 
05.06.2024 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега